До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кристијано Роналдо сè уште не размислува за крајот, но јасно поставил граница. Португалецот откри што треба да исполни за да го затвори едно од најголемите поглавја во историјата на фудбалот. Бројките се блиску, мотивацијата е тука, а гладта за голови не е исчезната.
Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, и натаму ги поместува границите дури и во 40-тата година од животот.
Иако се наоѓа во завршната фаза од кариерата, Португалецот јасно порача дека крајот сè уште не пристигнал – барем не додека не исполни една голема цел.
Со тие голови, Роналдо дополнително го зголеми својот импресивен учинок и сега се наоѓа на бројка од 956 погодоци во професионалната кариера.
Тоа значи дека му недостасуваат уште само 44 гола за да ја достигне магичната бројка од 1000 погодоци – цел која отворено ја признава како лична мотивација за продолжување со играњето.
Во разговор за странските медиуми, Португалецот јасно порача дека не му недостига ниту волја ниту страст.
„Не е лесно, но јас сум многу мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, во Европа или на Блискиот Исток, секогаш уживам во фудбалот и сакам да играм уште“, порача Роналдо.
















