Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Доналд Трамп ќе го прими Кристијано Роналдо во Белата куќа, веднаш откако Португалецот изјави дека би имале што да разговараат со претседателот на Америка доколку се сретнат лично.
Откако првично беше објавено дека Кристијано Роналдо ќе ги посети Соединетите Американски Држави, наскоро се откри дека ќе се сретне со Трамп.
Во меѓувреме, Роналдо ќе биде една од главните атракции на Светското првенство кое догодина ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико.
Сигурно е дека Светското првенство кое ќе се одржи догодина ќе биде една од темите меѓу Трамп и Роналдо, но тоа не е се.
Откако во неодамнешното интервју со Пирс Морган ја откри својата желба еден ден да се сретне со Трамп, Роналдо откри за што би сакал да разговара со него.
Наводно, неговата “главна цел” е разговор за светскиот мир, како и за нешто што е заедничко за нив двајцата, но Роналдо не сакаше да го објасни подетално тоа.
“Овде, во Америка, каде било, би сакал да го запознаам. Знам дека бил во Саудиска Арабија, се надевам еден ден ќе седнам со него бидејќи е една од личностите кои навистина ги ценам”, рече Роналдо.
Се надевам дека светот наскоро ќе најде пат до мирот. Тоа е она што го посакувам. Ќе му кажам што имаме заедничко, но додека не седнам со него, тоа ќе го задржам за себе”, изјави Роналдо.
Роналдо веќе потврди дека Светското првенство следното лето ќе биде неговиот последен голем турнир пред да замине во пензија.
Она што му претставува огромен проблем е фактот дека би можел да го пропушти првиот, па дури и вториот натпревар на Светското првенство поради црвениот картон кој го доби во квалификациите.















