Роналдо открива зошто не беше на погребот на Јота


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кристијано Роналдо (40) повторно гостуваше во интервју кај Пиерс Морган. Интервјуто ќе биде објавено оваа недела, објави Морган, кој направи разговор од 80 минути со Роналдо во неговиот дом во Саудиска Арабија. Некои делови од интервјуто веќе се појавија во јавноста.

Еден од нив е и одговорот на прашањето дека не бил на погребот на соиграчот Диого Јота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа ова лето. “Две работи, луѓето ме критикуваат многу. Како што велам, не ми е важно тоа, затоа што кога чувствуваш дека совеста ти е чиста и слободна, не треба да се грижиш за тоа што другите го зборуваат”, почна Роналдо.

“Но, една од работите што не ги правам е дека откако почина татко ми, никогаш не сум бил на гробишта”, изјави тој, па продолжи: “Второ, знаете ја мојата репутација, каде и да отидам, настанува циркус. Не одам и затоа што, ако отидам, целото внимание ќе се пренесе на мене, а такво внимание не сакам.”

“Луѓето можат и понатаму да ме критикуваат, јас се чувствувам добро со таа одлука. Не треба да бидам во прв план за луѓето да ме видат, планирам работи, размислувам за неговото семејство. Не треба да сум пред камерите за луѓето да видат што правам. Тоа го правам во позадина”, заклучи тој.