Роналдо пцуеше судија, па турна службено лице покрај аут-линијата (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Ал Наср обезбеди место во групната фаза од азиската Лига на шампиони (ЛШ), откако синоќа со пресврт славеше со 4-2 против Шабаб Ал Ахли.

Екипата на Кристијано Роналдо имаше негатива од 1-2 до 88. минута од натпреварот, но со пресврт го обезбеди триумфот.

Во центар на внимание повторно беше Кристијано Роналдо, кој ги загуби нервите во финишот од првото полувреме, кога го пцуеше кинескиот судија Фу Мин, а потоа турна и службено лице покрај аут-линијата.