Роналдо по победата на Португалија: Ми недостигаа свирежи, тие ми даваат сила!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо со два гола за Португалија донесе триумф против Шведска од 2-0 во Лигата на нации, па така влезе во историјата како прв Европеец кој постигнал повеќе од 100 гола.

Португалецот постигна фантастичен гол од 25 метри, а притоа го прослави со карактеристичен висок скок, но за жал неговата прослава ја изведе пред празна трибина.

„Кога играм на гости, сакам да ми свират затоа што тоа ми дава сила. Затоа ми недостигаа противничките навивачи, но здравјето е поважно од тоа и ако поради ковид-19 не смееме да играме пред навивачи, тогаш тоа за жал мора да биде така“, кажа Роналдо.