Роналдо по поразот од Франција: Сакавме и заслуживме повеќе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалија беше елиминирана во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) на пенали од Франција, а Кристијано Роналдо испрати порака преку социјалните мрежи.

Роналдо им се заблагодари на навивачите за поддршката, но порача дека со неговите сонародници заслужиле подобар пласман.

„Сакавме и заслуживме повеќе. Благодарни сме за сè што ни давате од трибините. Верувам дека оваа селекција ќе продолжи да се гради“, посочи Роналдо.