Роналдо по рекордот: Горд сум на мојот успех!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот меѓу Португалија и Лихтенштајн во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Напаѓачот на Ал-Наср го одигра 197. меч за Португалија и така стана фудбалер со најмногу настапи во историјата.

На стартот на вториот дел постигна и два гола, па така стигна до бројката од 100 погодоци за националниот тим на меѓународните натпревари.

„Одлично е што играм и давам голови за Португалија. Горд сум на мојот успех и на тоа што станав светски рекордер“, кажа Роналдо.