Роналдо побара шпански тренер во Јунајтед, а тој праша: Денеска да не е први април?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Оле Гунар Солскјер ќе си ја бара среќата на друго место откако заработи отказ од Манчестер јунајтед, а клубот сега бара негова замена.

Англиските медиуми пишуваа дека Зинедин Зидан е блиску до преселба во Манчестер, но во конкуренција за тренерската позиција во клубот е и Луис Енрике.

Кристијано Роналдо, наводно, побарал од раководството да го ангажира Енрике, кој денеска доби прашање што мисли на таа тема.

„Денеска да не е први април или што?“, беше реакцијата на Енрике, кој ги насмеа сите на прес-конференцијата.

Енрике со Шпанија избори пласман на Светското првенство (СП) во 2022 година, а на Европското првенство минатото лето стигна до полуфинале.