Роналдо почна да „превртува со очи“ по совет на Сари (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо игра одлично, но неговиот однос со тренерот Маурицио Сари не е баш најдобар.

Јувентус како домаќин го совлада градскиот ривал Торино со 4-1, а Роналдо беше фантастичен и притоа постигна гол и асистенција.

Сари се обиде во текот на првото полувреме да му даде совет, но тоа на Португалецот не му се допадна, па „преврте со очи“ и така го понижи тренерот.