Роналдо: Поминав низ пекол во Манчестер, но дознав кои ми се пријатели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во разговор со медиумите кажа дека поминал лош период во Манчестер јунајтед, но тоа му помогнало да дознае кои му се вистински пријатели.

Португалецот е подготвен за квалификациите за Европското првенство (ЕП), но искористи можност да разговара и за неговиот поранешен тим со кој го прекине договорот.

„Манчестер јунајтед? Кога сме на врв на планина, не гледаме што има долу. Поминав низ пекол, немам проблем да го признаам тоа. Но животот продолжува понатаму, во тие моменти разбрав кои ми се пријатели. Иако првенството во Саудиска Арабија не е како Премиерлигата, сепак изненаден сум со развојот на нивниот фудбал“, кажа Роналдо.