Роналдо порано го напушти тренингот на Јувентус и ги загрижи навивачите 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо го напушти денешниот тренинг порано од останатите фудбалери.

Роналдо тренираше нормално со остатокот од екипата, а потоа се пожали на болка во раката и не можеше да го продолжи тренингот.

Португалецот во придружба на докторот на екипата го напушти тренингот порано и сега се чекаат првите информации за состојбата на легендарниот фудбалер.

Роналдо во претходните денови се поврзуваше со заминување од Јувентус, а наводно тој сака да го промени тимот и сака да се пресели во Манчестер сити.

Меѓутоа, шансите за такво нешто се мали, а Сити засега не може да го ангажира Роналдо и јасно е дека Португалецот најверојатно до крајот на договорот ќе остане член на Јувентус.

Роналдо во дресот на Јувентус одигра 134 меча и постигна 101 гол.