Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот тим на Ал-Наср извојува победа и се пласираше во финалето од Суперкупот на Саудиска Арабија. Тие во полуфиналето, кое беше навистина драматично, го победија Ал-Итихад со резултат 2-1, и тоа иако во поголемиот дел од натпреварот играа со играч помалку.
Клучниот момент се случи во вториот дел од натпреварот, поточно во 61. минута. Најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо, кој беше во чиста позиција за гол, покажа голема несебичност. Наместо да шутне кон голот, тој му асистира на својот партнер Жоао Феликс. Португалецот ја заврши акцијата со прецизен удар за финални 2-1, носејќи им огромна радост на фановите на Ал-Наср.