Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо кажа дека во неговиот дом повеќе гледа други спортови од фудбал, а најомилени му се бокс и ММА.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ откри дека е голем фан на боксот и ММА.
„Играњето фудбал е моја страст, но на ТВ повеќе сакам да гледам други спортови. Помеѓу фудбалски натпревар и бокс или УФЦ секогаш ќе го изберот боксот или УФЦ. Кога бев во Манчстер Јунајтед со еден од тренерите и вежбав бокс. Мислам дека вежбите во боксот користат и во фудбалот затоа што ви го подобруваат движењето“, кажа Роналдо.
Роналдо го одигра својот 100. меч за Јувентус и постигна два гола во победата против Џенова од 3-1.