Роналдо предизвикал скандал во соблекувалната по откажаниот дуел со Наполи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус не настапи против Наполи во третото коло од италијанската Серија А, иако ѕвездите на „Старата дама“ се појавија на теренот, но гостите од Неапол не пристигнаа на гостувањето.

Кога се вратиле во соблекувалната, Кристијано Роналдо предизвикал скандал откако му соопштиле дека не може веднаш да замине на собирот на репрезентацијата.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо бил беснеел пред клупското раководството и играчите затоа што морал да остане во хотелот и да чека дозвола од здравствените власти.

Тоа воопшто не му се допаднало, а на крајот на сопствена одговорност го напуштил хотелот и отишол во својот дом за во понеделникот да и се приклучи на Португалија.

Во меѓувреме отворена е истрага за играчите на Јувентус кои го напуштиле хотелот, додека дисциплинската комисија на Фудбалскиот Сојуз на Италија следната недела ќе донесе одлука за натпреварот против Наполи.