Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед е во сериозна криза, која ја потврди и поразот од градскиот ривал Манчестер сити (0-2), а тренерот Оле Гунар Солскјер се наоѓа пред отказ.
Незадоволството во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ кулминираше и бунтот против Солскјер го предводат португалските репрезентативци Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш.
„Дејли Мејл“ објави дека Фернандеш прв почнал приказна меѓу фудбалерите дека Норвежанецот е недораснат за клуб како Манчестер јунајтед, а добил поддршка од Роналдо.
Списокот на незадоволни фудбалери постојано се зголемува, па има уште неколку кои сметаат дека Солскјер треба да добие отказ, а еден од нив е Дони Ван де Бек.
Исто така, многумина сметаат дека Хари Мегваер игра повеќе од што треба и наскоро треба да се пронајде замена за него.