Роналдо распука пред церемонијата за „Златната топка“: Сѐ е лага!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е среќен пред доделувањето на престижната награда „Златната топка“.

Португалецот им се налути на организаторите од „Франс Фудбал“ затоа што не е меѓу фаворитите за наградата, туку е зад Лионел Меси, Карим Бензема и Роберт Левандовски.

„Денешниот избор само ја објаснува изјавата на Паскал Фере кога рече дека е убеден дека мојата единствена цел е да ја завршам кариерата со повеќе Златни топки од Лео Меси. Тој лажеше и го користеше моето име за да се промовира себе и весникот во кој работи. Неприфатливо е личноста задолжена за доделување на најпрестижната награда за лаже на тој начин и тоа е непочитување кон мене. Секогаш сум спремен да им честитам на победниците во духот на фер-плејот, бидејќи така сум воспитуван. Победувам поради себе и поради оние кои ме сакаат. Не се борам против никого. Мојот фокус сега е да постигнам успеси со Манчестер Јунајтед, за себе, за клубот и за навивачите. Сѐ останато и така е неважно“, кажа Роналдо.