Роналдо: С. Арабија е подобра од Америка, не се враќам во европскиот фудбал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо на крајот на минатата година се пресели во Ал Наср од Саудиска Арабија, по што неговиот чекор го следеа голем број ѕвезди од европскиот фудбал.

Португалецот доби огромна плата во С. Арабија, а конкурентноста на лигата постојано се зголемува и затоа Роналдо не сака да се врати во Европа.

„Нема да се вратам во европскиот фубдал. Тој изгуби многу квалитет, го спасува само Премиерлигата. Шпанската лига е сè полоша. Сигурен сум дека нема повторно да играм во Европа. Лигата во С. Арабија е посилна од американската МЛС“, кажа Роналдо.