Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо и понатаму ќе игра за репрезентацијата на Португалија. Тој најави дека нема да се повлече од селекцијата и сака да настапи на Светското првенство (СП) во 2026 година.
Роналдо игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, а исто така се наоѓа во одлична физичка форма и се надева на настап на уште едно големо првенство.
Доколку се случи тоа, на Роналдо ќе му биде шесто Светско првенство (СП) на кое игра, а не пропуштил ниту едно од Германија во 2006 година.
Единствени фудбалери кои настапиле на пет Мундијали во историјата се Антонио Карбахал, Андес Гвардадо, Рафаел Маркез, Лотар Матеус и Лионел Меси.