Роналдо се најде на врвот на листата на „Форбс“ со најплатени спортисти


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Третата година по ред, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е на чело на годишната листа на Форбс за најплатени спортисти, со заработка од 275 милиони долари.

Роналдо ги зголемил своите приходи во однос на претходната година за 15 милиони долари. Во една година повеќе од Роналдо заработил само боксерот Флојд Мејведер, кој заработил 300 милиони долари во 2015 и 285 милиони долари во 2018.

На второто место е одбранбениот играч на NBA тимот Голден Стејт Вориорс, Стефен Кари со 156 милиони долари, додека на третата позиција е британскиот боксер Тајсон Фјури со 135 милиони долари.

Фото: Принтскрин