Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, по што кажа дека го привлекла визијата на клубот, а не парите, иако малкумина веруваат во тоа.
Роналдо сакал да се врати во Реал Мадрид и чекал повик од Флорентино Перез, кој останал на својот став и не се премислил, па Португалецот мораше да потпише за Ал Наср.
Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш се обидел да добие понуди и од ПСЖ и Спортинг Лисабон, но тие не биле заинтересирани за искусниот фудбалер.
Причина за тоа е неговата лоша полусезона во Манчестер јунајтед, како и неговото интервју со познатиот водител Пирс Морган во кој го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.