Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо беше незадоволен од одлуката на тренерот Ралф Рангник да го замени во завршницата на мечот од 17. коло во Премиерлигата.
Португалскиот репрезентативец во 71. минута, при водство од 2-0, го заврши мечот против Брентфорд, а на негово место во игра влезе Хари Мегваер.
„Зошто ме повлече од игра?“, праша Роналдо додека излегуваше од игра.
„Црвените ѓаволи“ набрзо преку резервистот Маркус Рашфорд го постигнаа и третиот гол, а камерата го сними моментот како Рангник нешто му објаснува Роналдо.
„Мислам дека беше нормална одлуката Роналдо да излезе од игра. Водевме со 2-0, а тоа беше слично и на минатиот меч против Астон вила. Почуствував дека е добро да се браниме во завршницата“, кажа Рангник.
Cristiano Ronaldo was absolute fuming when he was substituted by Ralf Rangnick at Brentford last night…😡 pic.twitter.com/6dzqgum1uR
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 20, 2022