Роналдо се враќа на позајмица во Англија!?


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо на крајот на минатата година го засили Ал Наср од Саудиска Арабија, но сега се отвора можност да се врати на позајмица во Премиерлигата.

Британски „Сан“ пишува дека богатиот премиерлигаш Њукасл сака да го врати Роналдо во Премиерлигата, а веќе се размислува за позајмица.

Единствен „проблем“ е платата на Роналдо, но се очекува истиот да биде надминат затоа што станува збор за еден од најбогатите клубови во светот.

Њукасл ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона, а Роналдо ќе има можност повторно да заигра во елитното натпреварување.