Роналдо се закани дека ќе замине од Манчестер јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо минатото лето го напушти Јувентус и му се приклучи на Манчестер јунајтед затоа што се надеваше дека ќе се бори за титулата во Премиерлигата, но во моментов екипата е далеку од такво нешто.

Португалецот пристигна како големо засилување и во моментов е најголема ѕвезда на тимот, но не е задоволен со резултатите на екипата, која се бори за пласман во топ-4 и Лига на шампиони (ЛШ).

Англиски „Сан“ објави дека Роналдо разговарал со раководството на Манчестер јунајтед и јасно му порачал дека ќе си замине од клубот на крајот на сезоната ако нешто не се поправи.

Роналдо се заканил дека ќе замине од Манчестер доколку тимот не се пласира во ЛШ следната сезона, зашто не сака да игра во екипа која се натпреварува во Лига Европа или Конференциската лига.