Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо прави сериозни проблеми во соблекувалната на националниот тим во изминатите денови, па сега доаѓа нова информација која најавува бура.
Португалија славеше со 6-1 против Швајцарија во осминафиналето на Мундијалот во Катар, а Кристијано Роналдо влезе во игра дури во завршницата од мечот, но дефинитивно не е среќен за тоа.
„Рекорд“ објави дека Роналдо тешко го прифатил седењето на клупата за резерви и му се заканил на селекторот Фернандо Сантош дека ќе си замине од селекцијата ако не се смени нешто во следниот период.
Роналдо претходно доби жестоки критики од страна на навивачите кои побараа Португалецот да биде преместен на клупата, а од неговото однесување не е задоволен ниту селекторот Сантош.