Роналдо се заканил: Ќе си оди ако Манчестер јунајтед не исполни еден услов!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо минатото лето се врати во Манчестер јунајтед ис тана лидер на екипата, а со неколку голови им донесе радост на „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа, екипата игра многу лошо и покрај тоа што Роналдо постигнува голови, а тоа го налутило Португалецот кој се заканил дека ќе си замине ако тимот не исполни еден услов.

Роналдо дојде во Јунајтед за да игра во Лигата на шампиони (ЛШ), иако сакаше да ја освои и Премиерлигата, но тоа во моментов очигледно не е возможно.

Доколку „ѓаволите“ не изборат пласман во ЛШ следната сезона, тоа ќе значи и крај за престојот на Роналдо на „Олд Трафорд“ бидејќи тој порача дека ќе замине бидејќи приоритет му е да игра во елитното натпреварување.