„Роналдо секое утро треба да каже – ти благодарам Боже што играв покрај Бензема!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано е познат по неговите изјави и не се срами да го каже своето мислење, па овој пат зборуваше за Кристијано Роналдо и периодот додека играше за Реал Мадрид.

Касано беше дел од Реал Мадрид и често дава пофални зборови за Карим Бензема, кој игра неверојатно оваа сезона и е на добар пат да ја освои „Златната топка“.

„Роналдо треба секое утро да каже – ти благодарам Боже затоа што играв со Бензема. Тоа што го прави Французинот по заминувањето на Роналдо покажува дека е комплетен напаѓач. Роналдо даваше многу голови, но погледнете колку пати Бензема му асистираше. А ако го немаше него во Реал, тешко дека Роналдо ќе постигнеше толку многу голови“, вели Касано.