Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо игра во врвна форма и на 38-годишна возраст, а тоа го потврди со 53 постигнати голови во 2023 година и заврши на врвот на листата со стрелци.
Роналдо заврши пред Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Хари Кејн, па Португалецот на доделување на „Глобал Сокер“ наградите предизвика бурни реакции со негова изјава.
„Среќен сум во Ал Наср. Саудиската лига е во процес кој ќе биде долг, но ќе стане врвна. Мислам дека ќе биде во топ-3 лиги во светот. Саудиската лига не е послаба од француското првенство. Таа е натпреварувачка и можам да го кажам тоа по само една година помината во С. Арабија“, вели Роналдо.