Роналдо си го извалка името за сите пари: Стигна казната за Португалецот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед испрати соопштение до навивачите откако Кристијано Роналдо си замина пред да заврши натпреварот против Тотенхем (2-0), кој се одигра синоќа на „Олд Трафорд“.

Роналдо се изнервира затоа што тренерот Ерик Тен Хаг не му даде шанса да влезе порано на теренот, па си заминал од стадионот пред сите останати.

Во официјалното соопштение на Јунајтед е наведено дека Роналдо нема да биде во составот за дербито против Челси во Премиерлигата.

Тен Хаг најави уште вчера дека денеска ќе донесе одлука за потегот на Роналдо, а очигледно ова е казната за Португалецот кој повеќе не е посакуван во Манчестер.