Роналдо слави со другарите за гол, а зад нив – македонско знаме! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера режираше филмски пресврт за победа од 3-2 против Аталанта и чекор напред кон плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кристијано Роналдо беше херој на „црвените ѓаволи“ со неговиот гол во 81. минута за 3-2, кога израдува 70.000 навивачи на „Олд Трафорд“, а интересно е тоа што на стадионот се појави и македонското знаме.

Навивачот Александар Зелениковски, кој е член на фановие на Манчестер јунајтед во Македонија беше на стадионот и го развеа знамето во тој момент.