Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер јунајтед во неделата на домашен терен беше поразен со 0-5 од Ливерпул, а навивачите не се среќни и бараат оставка од тренерот Оле Гунар Солскјер.
Ливерпул му оддржа лекција на големиот ривал, па сега критики доаѓаат и за фудбалерите на Јунајтед, но многумина веруваат дека тие не се толку виновни, колку што е тренерот.
Ниту Кристијано Роналдо не се покажа на теренот против Ливерпул, а беше нервозен поради резултатот, па во еден момент почна и да го шутира противничкиот фудбалер.
Англиските медиуми пишуваат дека атмосферата во клубот не е добра, односно сите фудбалери не се во добри односи.
Тука се издвојуваат Роналдо и Мејсон Гринвуд, кои воопшто не си додаваат на теренот и немаат никаква соработка.
Solskjaer is struggling to get Ronaldo and Greenwood to link up, sources have told @MarkOgden_ 😬 pic.twitter.com/LxG7XfIzDp
— ESPN UK (@ESPNUK) October 25, 2021