Роналдо со Јувентус ѝ се одмазди на Барселона, Лајпциг го исфрли Јунајтед од ЛШ 🎥


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Вечерва Јувентус во дербито на колото ја совлада Барселона со 0:3 на „Ноу Камп“. Од самиот старт Јувентус прикажа добра игра, а таквата игра им се исплатеше во 13. минута кога Роналдо после еден пенал го отвори резултатот. Мекени седум минути подоцна акробатски стрелаше за 0:2.

Во второто полувреме ситуацијата на теренот не се промени многу. Јувентус до 0:3 стигна со голот на Роналдо од уште еден панал. Со оваа победа Јувентус изби на првото место во групата пред Барселона.

Манчестер Јунајтед доживеа шок од Лајпциг и на гости во Германија изгуби со 3:2 со што го заврши настапот во ЛШ. Анхелињо уште во втората минута го отвори резултатот, а веќе во 13. Хаидара погоди за 2:0. Во 30. минута ВАР поради офсајд поништи гол на Лајпциг. На 3:0 зголеми Клајверт, а Бруно Фернандеш и Погба погодуваа за 3:2.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Рен – Севиља 1:3

Динамо – Киев 1:0

Челзи – Краснодар 1:1