Роналдо со новиот потег ги потврди своите планови


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо објави дека Кристијано Роналдо нема да замине со Манчестер јунајтед во Бангкок за почеток на претсезонската турнеја.

Португалецот оваа недела не се појави на подготовките, а како причина ги наведе семејните проблеми.

Манчестер јунајтед ја прифати оваа ситуација и му даде слободно време на Роналдо за да ги реши личните проблеми.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш интензивно работи на пронаоѓѓање на нов клуб за Роналдо, кој сака да го напушти „Олд Трафорд“.

Јунајтед сака да го задржи Роналдо за следната сезона, но во клубот се свесни дека е разочаран и не можат многу да направат, смета Романо.