Роналдо со објава на Инстаграм го откри својот клуб за следната сезона? 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постојат многу шпекулации за иднината на Кристијано Роналдо, кој наводно ќе си замине од Јувентус на крајот на сезоната.

„Газета дело Спорт“ објави дека фудбалерите на „Старата дама“ не се во добри односи со Роналдо и тие сметаат дека тој има прменогу слобода.

Еден ден по дебаклот од Милан (0-3), Роналдо го пропушти тренингот за да ја посети фабриката на Ферари во Италија, а во негово друштво беше и претседателот Андреа Ањели.

Роналдо и претходно знаеше да отсуствува од тренинг поради различни спонзорски обврски, а многу соиграчи сметаат дека тоа не е фер и дека тој има поинаков третман од него.

Роналдо се јави на својот профил на Инстаграм, а повод беше 100. гол во дресот на Јувентус и порача дека тука нема да застане, а тоа многумина го разбраа како Португалецот да сака да остане во поранешниот италијански шампион.