Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо со двата гола за победата на Јувентус против Интер (2-1) во првата полуфинална пресметка во италијанскиот Куп, стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот кога станува збор за голови на официјални натпревари.

Дури осми меч сезонава постигна два гола на натпревар, по што е рекордер во топ-5 лигите во светот, а Роналдо така стигна и до бројката од 22 гола во 23. дуел сезонава, а исто така сега има 763 голови и е најдобар стрелец во историјата.

Првиот гол против Интер го постигна со силен удар од пенал по средината на голот и така се израмни со Пеле и Јозеф Бикан, кои имаат постигнато по 762 гола на официјалните натпревари, а ги надмина благодарение на грешката на Хандановиќ.