Роналдо стигна до јубилеј, па најави: Сакам да постигнам 1.000 голови!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кристијано Роналдо стигна до 900 голови во кариерата, но не планира да запре, туку ќе се обиде до крајот да постигне 1.000 погодоци.

Роналдо во кариерата играше за Спортинг Лисабон, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Јувентус и Ал-Наср.

„Сакам да постигнам 1.000 голови. Ако избегнам повреди, тогаш сакам да постигнам такво нешто. Имам видеа од сите погодоци“, кажа 39-годишниот Роналдо.