Роналдо стигна до нов рекорд, се израмни со легендарниот Пушкаш!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо го одигра второто полувреме во победата на Португалија против Андора со 7-0 и беше стрелец на шестиот погодок за својата репрезентација.

Роналдо ја затресе противничката мрежа во 85. минута и така го постигна својот 746. гол кога ќе се пресметаат заедно погодоците од репрезетанцијата и тимовите.

Со овој гол Португалецот стигна и до нов рекорд, зашто се израмни со Ференц Пушкаш на листата на најдобри стрелци во историјата.

Пред Роналдо се само тројца фудблери, а следен предизвик му е Пеле, кој има 767 постигнати голови додека играше за Бразил, Сантош и Космос.

Втор на листата на најдобри стрелци Ромарио со 772 голови, додека лидер е поранешниот член на Прага Јозеф Бикан со 805 голови.