„Роналдо треба да се врати во Реал Мадрид и таму да ја заврши кариерата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Ривалдо смета дека Кристијано Роналдо треба да се врати во Реал Мадрид и таму да ја заврши кариерата.

Роналдо на почетокот на 2023 година се пресели во Ал Наср од Саудиска Арабија, кој му даде еден куп пари за договорот.

„Фудбалерите некогаш се измамени од големите договори кои ги потпишуваат во Саудиска Арабија, но таму имаат затворен живот, а фудбалот не е лесен како што се мисли. Фудбалерот мора да помине низ фаза на разочарување и да разбере дека парите не се доволни за среќен живот“, кажа Ривалдо.

Португалецот решиси една деценија играше во „кралскиот клуб“ и освои многу титули.