Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо напиша на Инстаграм дека Јувентус има големи цели во новата сезона.
Јувентус ја освои шампионската титула во Италија, но во Лигата на шампиони испадна од Лион во осминафиналето.
„Додека се подготвувам за својата трета сезона во Јувентус, духот и амбицијата ми се на највисоко ниво. Голови. Победи. Посветеност. Професионализам. Сакам да урнам рекорд, да ги минеме пречките. Да ја освојам титулата и да постигнувам лични цели. Со помош на соиграчите сакам да ја освоиме Италија, Европа и светот“, напиша Роналдо.