Роналдо за ерата на Галактикосите: После нас фудбалот стана бизнис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдо беше еден од најдобрите фудбалери во историјата, а тој на почетокот на векот играше заедно со Зинедин Зидан, Дејвид Бекам, Луис Виго, Мајкл Овен, Роберто Карлос и останати фудбалери.

Роналдо по 15 години смета дека Галактикосите предизвикале бура од огромни трансфери, па така фудбалот станал еден голем бизнис.

„Роберто Карлос во репрезентацијата постојано ми зборуваше за Мадрид, за големината на Реал. Подоцна сакав да се убедам во тоа и пристигнав во клубот и беше поголем од тоа што ми го претстави Карлос. Неверојатно искуство, но и притисок. Најдобрите фудбалери во светот – Галактикоси. После нас фудбалот стана бизнис, повеќе се заработуваше…“, вели Роналдо.