Роналдо за прославата на Хојлунд: Би било добро да му ја покажам оригиналната


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Расмус Хојлунд се најде во центарот на вниманието кога постигна гол за победа на Данска против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нациите и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Тоа беше и единствениот гол на натпреварот, а Роналдо веројатно се надева дека во реваншот ќе може да му покаже на Хојлунд како изгледа кога тој ги прославува головите.

Роналдо овој потег не го доживеа како провокација или исмевање.

„Не ми пречеше, за мене тоа не е проблем. Знам дека тоа не беше знак на непочитување. Тој не е единствениот што така ги прославува головите, тоа го прават многу играчи ширум светот. А јас сум доволно интелигентен за да го разберам на правилен начин. За мене тоа е чест. Се надевам дека ќе можам да така прославам пред него во реваншот, за да му ја покажам оригиналната. Тоа би било добро. Драго ми е што му се допаѓа мојата прослава“, кажа Португалецот.