Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не е задоволен со ситуацијата во Манчестер јунајтед, па поради тоа англиските медиуми шпекулираат дека на лето ќе си замине, а негова следна дестинација треба да биде ПСЖ.
Францускиот гигант планира наскоро да го вработи Зинедин Зидан на кормилото на тимот, па потоа ќе тргне по потписот на Роналдо, кој конечно би можел да заигра во иста екипа со Лионел Меси.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се согласил да му даде плата од 12 милиони евра на Зидан, но и да му исполни неколку трансфер желби, меѓу кои едната треба да биде потпис со Роналдо.
Во екипата од Париз се очекува да пристигне и Осман Дембеле од Барселона, но и уште неколку фудбалери, меѓу кои Пол Погба од Манчестер јунајтед и Франк Кеси од Милан.