Роналдо зборуваше за предавство од Јунајтед, непочит кон Тен Хаг и го „пецна“ Руни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во интервју кај Пирс Морган кажа дека бил предаден од раководството на Манчестер јунајтед и постојат луѓе кои не го сакаат во клубот, а исто така јавно кажа дека не го почитува тренерот Ерик Тен Хаг.

По сите зборови за Јунајтед, Роналдо зборуваше и за поранешниот колега, Вејн Руни кој во претходниот период често го критикуваше Португалецот.

„Не знам зошто ме критикува толку многу. Можеби поради тоа што ја заврши кариерата, а јас играм на високо ниво. Нема да кажам дека играм подобро од него, иако е така. Се чувствувам предадено, не само од тренерот, туку и уште од неколку лица во екипата. Морам да го кажам ова јавно“, вели Роналдо.