Росениор: Сè уште сме во трка за топ-5 и може да го освоиме ФА-купот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Челси, Лиам Росениор испрати јасна и мотивирачка порака до својот тим, истакнувајќи дека амбициите на клубот остануваат високи до самиот крај на сезоната.

„Во моментов сè уште сме во трката за пласман меѓу најдобрите пет и можеме да го освоиме ФА Куп“, изјави Росениор, покажувајќи дека вербата во успехот не е изгубена.

Тој нагласи дека клучот за остварување на тие цели лежи во промената на пристапот и размислувањето кај играчите.

„Морам веднаш да го сменам менталитетот. Тоа мора да се случи сега – токму затоа сум тука“, додаде стратегот.