„Росонерите“ имаат очајна одбрана: Милан купува засилување од Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан загуби во дербито во Милано против Интер, па веќе се шпекулира дека тренерот Џанпаоло би можел да добие отказ, зашто настапите на „росонерите“ се очајни.

Италијанските медиуми пишуваат дека проблемот е во одбраната, па Андреа Конти ќе добие шут-карта. Италијанецот доби шанса наместо Калабрија, но тој разочара целосно, па најверојатно ќе го напушти Милано.

Управата на италијанскиот тим е Серж Орие. Репрезенативецот на Брегот на Слоновата коска конечно почна да добива шанса кај тренерот Маурицио Покетино во Тотенхем, па Милан ќе има тешка мисија да го обезбеди неговиот потпис.

По потписот на искусниот дефанзивец Милан се очекува да тргне во јануари, па останува да видиме дали ќе го откупи од Тотенхем.