„Росонерите“ може да бидам среќни: Пиоли најави борба за трофеј!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стефано Пиоли, тренерот на Милан, кажа дека неговиот тим ќе се потруди и ќе даде максимум за да ја освои Лигата на Европа.

Милан има одличен старт во Серија А со четири победи по четири одиграни кола, а неделава ги почнуваат и возбудувањата во елитното натпреварување.

„Ние мора да бидеме амбициозни затоа што сме Милан. Не може да бираме меѓу првенството и Лига Европа. Сакаме да победиме на секој меч, но целта ни е да се покажеме во Европа. Турнирот нема големо значење, но ние ќе се обидеме да го освоиме трофејот. Групата е израмнета, но сега со мислите сме само кон Селтик, кој е наш противник во првото коло од групната фаза“, кажа Пиоли.