„Росонерите“ може да здивнат: Ибрахимовиќ не е потешко повреден!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ вчера ги загрижи навивачите на Милан откако се повреди на тренинг, а „Скај Спортс“ објави дека има потешка повреда на Ахиловата тетива, што би можело да значи и крај на кариерата.

Сепак, по денешните прегледи на Швеѓанецот, беше констатирано дека повредата не е сериозна, па Милан со соопштение ги израдува навивачите.

„Ибрахимовиќ го истегнал бутниот мускул и нема оштетување на Ахиловата тетива. Новите тестови ќе бидат направени во следните десет денови“, соопштија од Милан.

Тоа значи дека Ибра најверојатно ќе биде подготвен за продолжување на сезоната на средината на јуни.