„Росонерите“ сакаат 90.000 билети за последниот меч, а на стадионот собира – 21.000 лица!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан е на добар пат да го освои Скудетото по пауза од 11 години, а „росонерите“ се возбудени и секој сака да добие влезница за мечот против Сасуоло, кој се игра во последното коло од Серија А.

„Росонерите“ побарале дури 90.000 влезници за стадионот „Мапеи“, но тој има капацитет само од 21.000 гледачи, па дефинитивно ќе биде распродаден експресно, но нема сите да добијат билет.

Милан на гостувањето кај Сасуоло треба да има дури 18.000 гледачи од вкупно 21.000 бидејќи натпреварот нема голема важност за домаќинте.

Веќе почнаа да се продаваат билети и на црниот пазар, па цената достигнува до 3.000 евра во моментов со тоа што сигурно ќе расте во иднина.