„Росонерите“ воодушевени од Елмас: Македонецот се сели на „Сан Сиро“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турските медиуми пред неколку часа објавија дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја импресионирал управата на Милан, па „росонерите“ со 30 милиони евра ќе се обидат да го добијат неговиот потпис.

Наполи летоска го купи Македонецот за 16 милиони евра, плус бонуси за Фенербахче, па Елмас брзо се прилагоди во Серија А, а вчера сантиметри го делеа од погодок за италијанската екипа.

Неговите настапи не останаа незабележани, па Звонимир Бобан и Паоло Малдини биле ептен загреани за македонскиот фудбалер, па поради тоа ќе тргнат по неговите услуги наредното лето.

Милан во моментов се соочува со големи проблеми во италијанскиот шампионат, па очигледно се далеку од пласман во топ-4 и Лига на шампиони.