„РТЛ“ постави рекорд: Повеќе од седум милиони Германци го гледале мечот со Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вчера беше поразена од Германија со 0-4, а овој натпревар привлече големо внимание на публиката, па така „РТЛ“ ги објави бројките за гледаноста на овој меч.

Повеќе од седум милиони Германци ја гледале победата на нивната репрезентација, со која Германија се пласираше на Светското првенство во Катар.

Овој натпревар меѓу Германија и Македонија, што е интересно, привлече двојно поголем интерес од финалето на Лигата на нации во кое играа Франција и Шпанија, а се пренесуваше на „РТЛ“.