До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Рубен Аморим повеќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед, а бројките покажуваат дека едноставно мораше да замине.
Во „пост-Ферги“ ерата, Аморим е буквално најлошиот тренер, имаше најнизок процент на победи, па разделбата беше неизбежна.
Бројките велат следново, по процент на победи, Аморим е на последното место. Жозе Мурињо имаше 58,33% победи, втор е Ерик тен Хаг со 54,69%, веднаш до него е и Оле Гунар Солскјер со 54,17%, четврти е Дејвид Мојс со 52,94%, а петти Луј ван Гал со 52,43%.
Рубен Аморим имаше само 36,92% победи, што е огромна разлика во однос на сите пред него, кои имаа помеѓу 52% и 58% победи.
Не треба ниту да потсетуваме на тоа до каде се најде Јунајтед откако Алекс Фергусон реши да се повлече во 2013 година.
Јунајтед ќе именува седми менаџер до 2026 година од 2013 наваму, а тука не се вклучени привремените како Рајан Гигс, Мајкл Керик, и сега – Дарен Флечер кој е во истата „преодна“ улога.
















